Каја Шукова / Фото: Фејсбук

Шукова најави 100 нови мурали во Скопје

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во првата година од нејзиниот мандат.

„Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, тие ќе носат пораки за надеж, култура, заедништво и љубов кон нашиот град,“ изјави Шукова, најавувајќи вклучување на локални уметници и млади креативци.

Целта, според неа, е не само разубавување на јавните простори, туку и промоција на културни и општествени вредности преку современа уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот