Шукова: Итно да се формираат здруженија за забранетиот отпад во депониите

За отпадот што не смее да завршува на комуналните депонии, министерката за животна средина Каја Шукова за ТВ24 вели дека колективните постапувачи се приватни здруженија, а не државни и затоа од Министерството за животна средина апелираат до стопанските комори да регистрираат такви здруженија во што покус моќен рок.

– Во ЕУ се здружуваат повеќе компании, прибираат средства со кои потоа купуваат канти за таков тип на отпад кој би се собирал и од корисниците на нивните производи, вели Шукова.

Шукова вели дека ваков вид отпад нема повеќе да се собира, но ќе има системи за колективно собирање на вакви видови отпад. Таа се повика на Државниот инспекторат за животна средина дека ќе реагира доколку не се формираат колективни постапувачи.

Колективните постапувачи, како што појасни Шукова, се здруженија коишто не ги формира државата, туку ги формираат компаниите коишто го произведуваат отпадот, коишто се одговорни за овој тип на отпад.

– Ние во неколку наврати преку стопанските комори потенцираме дека треба да се формираат и овие здруженија , како што има колективни постапувачи за електронскиот отпад, како што имате за отпад од пакување. Значи, ние апелите ги праќаме дека треба да се формираат. Оние компании коишто работат со ваков вид на отпад треба да се здружат и треба да ги формираат тие здруженија на колективен постапувач – дали е со гуми, дали е возила, и тие имаат таргети согласно законот коишто треба да ги исполнат и за тоа да платат одреден надоместок којшто треба утре да се врати назад во општеството, односно да се помогне најчесто на општините за да може да се намали загадувањето во случајот со отпад. И секако за да не оди тоа на депониите, тоа што беше праксата сега на комуналните или општинските депонии. Значи, час поскоро треба да се формираат тие здруженија. Ние она што можеме да го направиме е повторно уште еднаш преку стопанските комори, бидејќи постојано разговараме со нив, да им потенцираме дека рокот истекува и дека тие здруженија треба да се формираат во најкраток рок, рече Шукова.

Таа посочи дека Министерството го изготви овој закон чија имплементација почнува од 1 јануари 2024 година, каде што е наведено дека мора да се формираат овие здруженија колективни постапувачи за отпад од гуми, масло, текстил и возила, а со законот предвидени се и казни доколку не се почитува. Но, вели целта не е веднаш да се казнува.

-Оваа пракса е од земјите членки на ЕУ, ние тој систем го пресликавме и така е утврден и со директивите, рече министерката Шукова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот