Орце Ѓорѓиевски - Каја Шукова / Фото: „Слободен Печат“/Методи Здравев, Слободан Ѓуриќ

Шукова го повика Ѓорѓиевски на јавен дуел за проблемот со Вардариште

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција го повика противкандидатот Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на јавно соочување и дебата за состојбата со Вардариште.

Таа тврдеше дека управувањето со отпадот е јасно локална надлежност и обвини дека градските власти „бегаат од одговорност“ за еколошкиот ризик на локацијата.

ВИДЕО | Граѓанска блокада во Аеродром: „Да се реши канцерот Вардариште“

Во соопштението, Шукова нагласи дека „законот е јасен – отпадот е локална надлежност“ и дека, според неа, четири години се игнорира обврската за решавањето на овој проблем и додаде дека градоначалниците се директно одговорни за управување со комунален и комерцијален отпад, одржување јавна чистота и расчистување на напуштениот отпад.

Таа истакна дека наместо планирана претоварна станица, на Вардариште денес има „отворена депонија со чести пожари“, што, како што рече, е последица на „нереагирањето на градските власти“.

Потоа, таа го повика Орце Ѓорѓиевски на „јавен дуел пред граѓаните“.

„Го повикувам Орце Ѓорѓиевски на јавен дуел пред граѓаните. Нека ги донесе аргументите дека од Вардариште ќе направи парк; јас ќе ги донесам фактите и законите“, изјави Шукова и додаде дека граѓаните ќе пресудат кој има решение, а кој само празни ветувања.

Исто така, кандидатката најави план Вардариште кој би бил во две фази и ќе опфати оградување, 24-часовен надзор, расчистување и забрана за пристап, по што би следела изградба на затворена, еколошка претоварна станица со системи за селекција, контрола и транспарентност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!