
Што возат Русите, Германците и Италијанците?
Во Русија во 2024 година се продадени 1,57 милиони возила, што е за 48,4 отсто повеќе отколку во 2023 година. Постигнатиот резултат е многу блиску до рекордот од 2019 година, кога биле подадени 1,59 милиони возила. На врвот на продажната листа е нивниот домашен производител „Лада“, со продажба од 439.035 автомобили- пишува Политика.
Препорачано
Најпродаван модел во Русија во 2024 година е „Лада Гранта“ со 203.432 продадени примероци, а на второ место е моделот од истиот производител, „Веста“ со продадени 123.688 примероци.
Фолксваген е најпродаваниот бренд во Германија. Лани тој продал 536.888 автомобили во оваа држава. Најпродаван автомобил е повторно Волксфаген голф со 100.183 продадени возила. Во Италија Фиат Панда повторно е на врвот со 102.000 продадени примероци. Традиционално во сите држави се избираат домашни производи, бидејќи на тој начин помагаат на локалната економија и ги зачувуваат работните места. Забележливо е дека минатата година во Русија се продадени повеќе примероци од Лада Гранта од вкупниот број примероци на Голф во Западна Германија и Фиат Панда во Италија.
На рускиот пазар второто место го зазеде кинескиот производител Хавал, кој продал 191.560 автомобили, а потоа Чери со 157.899 продадени возила лани.
Во Германија, во 2024 година се продадени 37.154 БМВ Х1. Во Русија лани продадени се 18.217 електрични автомобили, што е зголемување од 27 отсто во споредба со 2023 година.
И покрај најстрогите санкции во историјата од Западот кон Русија, развојот е забрзан. „Лада“ веќе започна со производство на луксузно опремената лимузина „Аура“, а во февруари на купувачите ќе им биде достапна веќе опишаната „седан Искра“. Аурус наскоро ќе го претстави моделот Елеганс, лимузина долга околу 5 метри, чија цена ќе биде блиска до БМВ Серија 5 и Мерцедес Е- класа.
Тие најавија две варијанти на мотори, основен и помоќен. „Лада“ и „Аурус“ имаат лојални клиенти, а „Москвич“ и „Волга“ дополнително ќе ги зајакнат позициите на руската автомобилска индустрија.