Фото: Пиксабеј

Што вели науката: Зошто после внесувањето на лута храна, се чувствуваме подобро?

Огромен број на луѓе, својот оброк не можат да си го замислат доколку не јадат луто. Независно од тоа дали ваквиот вид на храна ја внесуваат преку консумирање на лути пиперчиња или пак во оброците додаваат лути состови, одредени поединци јадат толку луто што многу често им се случува да им тече пот од челото или пак да им солзат очите.

Токму тука се поставува прашањето, зошто желбата да се јаде луто е толку голема, кога мора да се признае дека поради внесот на ваквата храна ни „горат“ устата и грлото?

Токму науката има одговор на ова прашање. Лутата храна предизвикува таков ефект кај луѓето поради тоа што во својот состав содржи капсаицин.

Фото: Пиксабеј

Имено, станува збор за фитохемикалија која е содржана во сите лути пиперчиња и која има голема антиоксидативна моќ. Токму затоа, доколку можете да ја издржите лутината, солзите и жарењето кои ќе ви се појават во устата и во грлото, кои се пропратен елемент на лутите пиперки, таа ќе ви возврати со низа на позитивни ефекти врз вашето здравје.

Исто така, капсаицинот има моќ, дирекно да ги „напаѓа“ рецепторите за болка во устата и на тој начин на мозокот му се сигнализира дека имаме нешто врело во устата. Како реакција на тоа, нашиот организам започнува да реагира со излачување на поголеми количини на пот, за да можеме побрзо да се изладиме.

Фото: Пиксабеј

Доколку лутата храна се јаде рано наутро, важно е да се знае дека таа може да предизвика покачување на крвниот притисок, да ја забрза работата на срцето а како последица на сето тоа да се јави забрзано дишење. Сепак, и покрај се, крајниот резултат е тоа што нашето тело се чувствува подобро а со самото тоа и поенергично. Дури и за ваквиот феномен постои научно објаснување.

Имено, болката или одредени реакции во телото кои се предизвикани од капсаицинот, го  стимулираат призводството на хемиските супстанции ендорфин и домапин во нашиот организам. Со нивното излачување се намалува болката но и се поттикнува чувството на мир и спокојство.

Токму тоа е причината поради која луѓето се одлучуваат да јадат лута храна и покрај болката и нелагодноста која ја чувствуваат во пределот на устата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот