коса

Што сè треба да знаете за кератинскиот третман на косата?

Кератинскиот третман е наменет за исправување на косата, кој гарантира мазност, без трошење часови на стилизирање, сушење и пеглање.

Но, колку се трајни резултатите? Колку ја штити, односно уништува косата? За кого е наменет?

Се работи за хемиски третман

Затоа е најдобро да изберете салон со добра вентилација или да го побарате местото до прозорецот или вратата, за да спречите иритација на дишните патишта и очите.

Не е толку лошо колку што звучи

Овој третман е наменет првенствено за оние со густа и дива коса. Кератинот е и природна компонента на косата, а третманот е добар за оние со кршлива коса, која веќе е третирана со бои.

Резултатот трае три месеци

Барем десет недели нема да забележите накршување, но косата која ви расте ќе биде со текстура како вашата. Но, со редовни третмани (најмногу трипати годишно), вие ја „тренирате“ косата на послушност.

Трае многу долго

Во зависност од типот на косата третманот може да трае од два до пет часа. Кај витканите коси трае подолго, бидејќи мора да се разбие „обрачот“ кој ги формира локните. Потоа следуваат сушење и стилизирање со специјални преси.

Се чека и до 48 часа пред да ја измиете косата

По третманот потребно е да не ја миете косата барем 48 часа, за да се осигурате дека третманот делувал. Користете шампон и регенератор без сулфати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот