
Што откриваат сексуалните соништа за работите што ви се случуваат во реалниот живот?
Се подразбира дека повеќето сексуални соништа се исклучително пријатни, но има и такви чие значење ќе ве остави да погодувате со денови. Експертот за секс и врски Трејси Кокс наведе некои од најчестите сексуални соништа и објасни што се крие зад нив.
Препорачано
Тие најмногу ја симболизираат поврзаноста, моќта, ранливоста или креативноста. Кокс рекла дека повеќето луѓе сонуваат дека се голи на јавно место или дека имаат секс на јавно место, пренесува „Дејли мејл“.
Голотијата обично значи дека се чувствувате на некој начин ранливи. Ова може да значи и дека не сте доволно подготвени за ситуација која ве очекува во реалниот живот.
Важно е да се обрне внимание на деталите во соништата, како што е локацијата. Тоа најмногу претставува каде сте во животот или каде би сакале да бидете.
Сексот на јавно место значи дека барате статус и признание, иако зависи од тоа како се чувствувате. Ако се срамите, тоа може да биде одраз на вознемиреност за јавното проценување или критика за нешто што сте го направиле.
Ако сонувате за орален секс, тоа значи дека имате проблем со комуникацијата. Ако вие сте личноста која обезбедува орален секс, во реалниот живот мора да кажете што мислите. Ако сте на другата страна, мора да слушате што некој се обидува да ви каже.
Често се случува и сонување за секс со професор. Во реалниот живот, тоа значи дека сакате потврда или одобрување од некој што го доживувате како авторитет.
Ако сте сонувале дека имате афера, тоа симболизира искушение, желби и избори кои генерално се сметаат за погрешни. Има нешто во реалниот свет што ве искушува и на кое се обидувате да му одолеете.
Многумина сонуваат и за оргии. Ова би можело да значи дека во моментот има многу работи во вашиот живот и дека сте неодлучни.
„Оргиите исто така ја симболизираат слободата и истражувањето – желбата да се прекршат нормите и традициите. Недостатокот на сигурност за тоа дали ви се допаѓа овој вид на секс покажува дека имате измешани чувства за напуштање на она што веќе го знаете. Гледањето други луѓе генерално ја одразува љубопитноста и интересот за начинот на живот или однесување на другите луѓе. Сепак, ова исто така може да укаже дека се чувствувате како аутсајдер во одредени ситуации“, рекла Кокс.