
Што јаде Доналд Трамп во еден ден? Ќе бидете изненадени од неговиот избор
Доналд Трамп е идниот претседател на САД. Ако некогаш сте се запрашале како изгледа неговиот просечен ден и што јаде во текот на денот, го имаме одговорот. Иако е претседател, јаде сосема обични работи, но и брза храна, исто како вистински Американец, пишува „Калчр трип“.
Препорачано
Зборувајќи со Џеси Волтерс од „Фокс њуз“ во 2016 година, Трамп рече дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Обично руча, но омилен оброк во денот му е вечерата. Меѓутоа, понекогаш се решава да појадува, а во тој случај најчесто избира јајца и сланина, житарки или Мекмафин од Мекдоналдс, а не пие чај или кафе.
Освен што не појадува, понекогаш го прескокнува и ручекот. Неговите навики во исхраната се откриени во книгата „Let Trump Be Trump“, напишана од поранешниот менаџер на кампањата Кори Левандовски, кој тврди дека претседателот понекогаш поминувал 14 до 16 часа без да јаде.
Трамп е голем љубител на ќофтиња, а тоа е познато од 2005 година, кога тој и Меланија се појавија како гости на Марта Стјуарт. Таму подготвија сендвич со ќофтиња, за кој Трамп рече дека му е омилен.
Трамп исто така е голем љубител на брзата храна, вклучувајќи ги „Мекдоналдс“, „Бургер Кинг“ и „КФЦ“. За вечера најчесто избира Мекдоналдс, два Биг Мека, два Филе-О-Фиш и мал чоколаден шејк. Трамп е љубител и на пица иако не сака да ја јаде кората. Кога не јаде пржено пилешко или хамбургери, Трамп ужива во добар стек. Сака добро печени и послужени со кечап.
Новиот американски претседател сака диетална кока-кола, која понекогаш ја пие за појадок. Наводно, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, дури имал инсталирано копче за диетална Кока-Кола, која често му ја носеле и до 12 пати на ден.
Освен што пиел 12 лименки диетална кока-кола дневно, тој сакал да јаде и грицки, обично Лејс чипс или Доритос. Наводно, Трамп секогаш кога ќе ги јаде, отвора ново пакување грицки, дури и ако има уште малку во претходното пакување, а тоа е затоа што тој е гермофоб, односно има страв од бактерии.