Полско знаме/ фото: МИА

Што е тоа што ја прави Полска толку економски успешна, што дури ќе ја престигне и Германија?

Полска сака да ги престигне главните економии на Европската Унија и тоа го прави со големи чекори – нејзината економија расте три пати побрзо од економијата на Унијата како целина. Додека Германија, како најголема европска економија, е во криза, Полска пишува успешна економска приказна.

Во последниот квартал, таа порасна за три проценти. Кристофер Фус, експерт за полскиот пазар во германската организација ГТИ, оцени дека Полска е вистинската движечка сила на ЕУ. Соседните земји на Германија значително заостануваат во целокупните економски перформанси, но Полска брзо ги достигнува. Според Фус, кој живее и работи во Варшава, ова јасно го одразува менталитетот на Полјаците кои сакаат нивната земја да ги достигне економските сили на ЕУ. Тој забележува дека жителите имаат желба за раст и модернизација, што подразбира прифаќање на нови технологии. Од друга страна, ова е нешто што можеби ѝ недостасува на Германија.

„Кога разгледувам низ Полска, воопшто не е невообичаено постарите луѓе да користат апликации за паметни телефони како нешто нормално, плаќајќи не со готовина, туку со мобилна апликација“, истакна Фус.

Покрај тоа, значаен дел од административната работа се извршува преку интернет, што значи дека нема досадна документација. Ова се околностите во кои е можно брзо да се основа стартап компанија, многу побрзо отколку во Германија. Понатаму, Полска е популарна индустриска локација. Како што потсети Томас Обст, економист и експерт за Полска во Германскиот економски институт (ИВ), многу работни места беа префрлени во Полска поради ниските трошоци за работна сила.

„Не инвестираат само полските компании, туку и многу странски, европски, американски компании“, рече Обст.

Полскиот економски успех е видлив на Варшавската берза веќе некое време. Имено, оваа берза порасна за 30 проценти од почетокот на оваа година. Сепак, тој раст наскоро би можел да заврши бидејќи Полска се бори со сериозен буџетски дефицит. Сепак, нејзината значајна предност е што има голем економски раст, пишува порталот Тагесшау, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот