
Што е „шрекинг“? Нов бизарен тренд за врски инспириран од популарниот анимиран лик
Одвреме-навреме на социјалните мрежи се појавува нов тренд во светот на состанувањата, а овој пат симпатичниот зелен огар се вклучи во нашите љубовни дилеми. Шрек стана маскота на уште еден, наречен „шрекинг“, пишува „ЛАДбајбл“.
Препорачано
Иако може да изгледа како неверојатна љубовна приказна која, и покрај сите пречки, има среќен крај, терминот „шрекинг“ има сосема поинакво и не многу ласкаво значење. За жал, овој тренд што го измислила генерацијата Зет не ја слави љубовта како онаа помеѓу Шрек и Фиона, туку опишува ситуација во која едно лице намерно излегува со некого кого го смета за „под својата лига“.
Идејата наводно е инспирирана од заплетот на филмот, во кој Фиона му дава шанса на еден огар, што на крајот се покажува како правилна одлука. Според овој тренд, намалувањето на сопствените стандарди наводно е начин да се избегнат потенцијални скршени срца. Логиката зад тоа? Ако излегувате со некој за кого мислите дека е „среќен што ве има“, таа личност ќе биде толку благодарна за можноста што никогаш нема да ве повреди ниту да ја премине границата. Барем, тоа е она што го велат корисниците на социјалните мрежи.
Но, како што сите знаеме, убавото лице не е гаранција дека нема да бидете повредени во врската. Значи, ако сте одлучиле да ги намалите вашите стандарди, а сепак завршите со скршено срце, плачејќи над кутија сладолед и романтична комедија, сте доживеале „шрекинг“ – или поточно, сте биле „шрекирани“.
Корисничка на ТикТок по име Бека најдобро го сумираше тоа во своето видео: „Сите сме биле таму: Му даваме шанса на човек што не ни е привлечен, мислејќи дека ќе е благодарен што не има и ќе се однесува добро со нас. А потоа сме трауматизирани од трол“.
Експертите изразија загриженост во врска со трендот. Советничката за врски Ејми Чен го опиша „шрекингот“ со свои зборови.
„Во овој чин, излегувате со огар без третман на принцеза“, изјави таа за „Ју-ес-еј тудеј“.
„Концептот можеби е нов, но однесувањето не е. Многу луѓе го ставаат изгледот пониско на листата на приоритети или се надеваат дека привлечноста ќе расте со текот на времето, а тоа само по себе не е лошо. Проблемот се јавува кога некој претпоставува дека само затоа што излегува со некој „под неговата лига“ во однос на изгледот, автоматски ќе биде третиран подобро“, објасни Чан.
Кога тоа не се случува, Чен вели дека тоа не треба да ве одврати од луѓе кои можеби немаат изглед на модел.
„За оние кои биле ‘шрекирани’, целта не е да се вратат на излегување само со конвенционално привлечни луѓе. Станува збор за развивање подобри вештини за проценка на карактерот, вредностите и емоционалната достапност, без оглед на тоа во каков ‘пакет’ доаѓаат“, додаде таа.