
Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.
Препорачано
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„Love, Divided“ – филм на Нетфликс
Валентина е пијанистка која се подготвува за аудиција. Дејвид е креатор на игри кој може да се концентрира само во потполна тишина. Разделени со тенок ѕид, тие се обидуваат да живеат во хармонија еден со друг.
Жанр: романтична комедија / „IMDB“ оценка: 5.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 67%
„Valeria“ – серија на Нетфликс
Валерија е писателка која доживува креативна блокада и има проблеми во бракот. Утеха наоѓа кај нејзините три блиски пријателки: Кармен, Лола и Нереа.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 67%
„The Quiet Maid“ – филм на Ејч-би-о
Млада Колумбијка, која работи како тивка домашна помошничка во летната резиденција на богато семејство, додека го набљудува нивниот луксузен одмор, наоѓа начини да ужива во летото на свој начин.
Жанр: комедија/драма / „IMDB“ оценка: 6.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /
„The Rehearsal“ – серија на Нетфликс
Маџид работи во училиштето на неговата баба. Неговиот живот добива неочекуван пресврт кога одлучува да го промени својот животен тек и ја запознава Лејал, тренерка на кучиња.
Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 8.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 95%