Штипските епидемиолози зедоа 130 контролни брисеви

Штип и денеска со двоцифрена бројка на заразени. Во здравствениот билтен се регистрирани вкупно 13 нови пациенти, а се оздравени вкупно 11. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека и денеска се на своите работни места, од утринава имале поголема гужва на пунктот.

– Денеска немаме упати од матични лекари, но зедовме 130 контролни брисеви од работници и нивните семејства, кои точно пред 14 дена преку приватен скрининг на сопственици на неколку конфекции беа откриени дека се шпозитивни на вирусот, вели Димитрова.

Таа додава дека денеска имале и мобилен тим, кој земал контролни брисеви и на лице место од вработени и станари на Домот за стари лица во Радовиш, како и на пациенти во Пробиштип.

Епидемиолошките анкети покажаа дека причина за ширење на вирусот во конфекциите или пoзнатиот штипски текстилен кластер е поради непочитување на мерките. Димитрова посочи дека добар пример во штипскиот реален сектор е компанијата Адиент во ТИР зоната, каде што од почетокот на пандемијата се преземени мерки и строго се почитуваат од страна на работниците и на раководството, а во оваа компанија имаат и Ковид координатор кој ги предупредува работниците да ги носат маските правилно, да држат растојание, како и да не се групираат.

– Само со мерки може да се победи заразата, други решение нема, вели Димитрова.

Здравствените работници се разочарани од непочитувањето на мерките, па на социјалните мрежи излегоа и со свои статуси, во кои пишуваат дека за нив нема одмор, ниту викенд, постојано се на работа, 24 часа прават анкети, советуваат, а единствено што граѓаните можат да го направат, какошто велат е да ги почитуваат трите основни мерки, тоа е носење на маски, држење на растојание од два метра и често миење на рацете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот