фото: Социјални мрежи

Штипјани се сплотија – хуманитарна акција за Сибел Омерова

Младата медицинска сестра Сибел Омерова на тест ја стави хуманоста – тест кој Штип и штипјани го поминаа и на дело ја покажаа човечноста. Не се откажуваат од идејата за собирање на средствата кои се потребни за лекување на нивната сограѓанка. Секаде низ градот се поставени донаторски кутии за собирање на средства – локали, маркети, а од вчера граѓански активисти со иновативна идеја таканаречен „хуманитарен шопинг „ ги мобилизират и помалите фирми.

„Тоа е еден модел каде учествуваат претставници на бизнис секторот, оние помалите и сите оние мали бизниси, креативци кои на некој начин сакаат да се вклучат. Од една страна донаторите ссе тие, а од друга страна донатор  може да биде секој граѓанин кој има желба да донира одредена сума пари. Станува збор за симболични средства од 200денари, па нагоре, а за возврат на својата донација да добие некој производ или услуга која би покрила дел од неговите секојдневни потреби„ изјави Викторија Милановска-Патраклиев, граѓански активист, пренесе Алфа.

За лекување во Истанбул, на младата медицинска сестра потребни се 70.000евра. Единствено тамошните лекари се нафатиле да ја оперираат, а потоа и да продолжи со хемотерапија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот