Штипјанец ја заклал сопствената мајка

Штипјанец кој, како што јавуваат локалните медиуми, бил регистриран алкохоличар и поранешен познат угостител, ноќеска ја закла својата 84-годишна мајка.

Убиството го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. Според официјалните информации што ги споделија со медиумите, убиството се случило во 2 часот по полноќ во семејниот дом во Штип. Педесет и четиригодишниот штипјанец и нанел убодна рана со остар предмет на возрасната жена која веднаш починала.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на Јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став.2 точка 2 од Кривичниот законик – соопшти МВР.

Осомничениот за убиството бил приведен утрово околу 4 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот