Фото: Paris Basketball

Шортс повторно најдобар во победата на Париз

Eкипата на Париз забележа уште една победа во Евролигата и тоа против Асвел на гостински терен со 84:93.

Повторно одличен на паркетот беше македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс кој токму поради овој дуел не беше во комбинација за настап во денешниот натпревар на Македонија.

Париз до победата дојде без поголеми проблеми и водеше речиси во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено дојде до победата.

Шортс средбата ја заврши со дабл-дабл од 21 поен и 10 асистенции. Втор стрелец во редовите на Париз беше Малком со 15. На спротивната страна по исто толку имаа Порие и Томпсон.

Шортс и Париз ја срушија Барселона, Димитријевиќ без поголем придонес во победата на Олимпија над Партизан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!