
Шон Дајч го напушти Евертон на три часа пред мечот во ФА купот
Фудбалерите на Евертон вечерва на својот „Гудисон Парк“ треба да го одиграат натпреварот од третото коло од ФА Купот против Питерборо, но на клупата на Евертон нема да биде тренерот Шон Дајч, откако доби отказ на само три часа пред почетокот на овој натпревар.
Препорачано
„Карамелите“ преку социјалните мрежи објавија дека договорот со Дајч е раскинат, по неодамнешните лоши резултати на Евертон во Премиер лигата, каде што се наоѓаат веднаш над зоната за испаѓање.
– Евертон може да потврди дека Шон Дајч е ослободен од должноста менаџер на првиот тим, што веднаш стапува во сила. Клубот го напуштија и Јан Вон, Стив Стоун, Марк Хауард и Били Мерсер – се вели во соопштението на Евертон.
Она што е прилично бизарно е што Евертон не најде нов тренер, туку дека ќе биде предводен од својот капитен.
– Процесот на изнаоѓање нов раководител е во тек, а јавноста за сите детали ќе биде информирана во наредниот период. Тренерот до 18 години Лејтон Бејнс и капитенот на постариот тим Шејмус Колман ќе ја преземат одговорноста додека не пристигне нов тренер – соопшти Евертон.
Играчите на Евертон вечерва од 20 часот и 45 минути на „Гудисон“ играат против Питерборо, а следен ривал во Премиер лигата за шест дена им е Астон Вила, исто така на домашен терен.