Најтажна приказна во доба на коронавирусот: Плачот на „нарачаните“ бебиња по кои родителите не можат да дојдат (ВИДЕО)

Како што наведува весникот, родителите плаќале меѓу 5.745 и 57.365  фунти на агенцијата која им помагала околу сурогат мајчинството.

Водечките светски медиуми известуваат за ситуацијата во главниот град на Украина, Киев, каде во еден хотел се наоѓаат речиси 50 новороденчиња.

Како што се наведува, во прашање се сурогат бебиња по кои родителите од Велика Британија, САД, Италија, Германија, Романија и други земји не можат да дојдат зошто сега границите се затворени поради пандемијата од коронавирусот, јавува Дејли Мејл кој наведува дека сето ова изгледа како фабрика за бебиња.

Како што наведува весникот, родителите плаќале меѓу 5.745 и 57.365  фунти на агенцијата која им помагала околу сурогат мајчинството.

За бебињата се грижи персонал, но сликите го алармираа омбудсманот за човекови права во украинскиот парламент Људмила Денисова.

„Видеото се прошири на социјалните мрежи и е споделувано преку веб станицата на една киевска клиника. Видеото покажува 46 бебиња кои моментално се наоѓаат во еден хотел во Киев. Сите овие бебиња се родени од сурогат мајки за граѓани на разни странски држави“, рече таа.

Како што јави РТ сурогат мајчинството во Украина не е целосно забрането и се наоѓа во легалната сива зона. Тие што стојат за бизнисот со новородени бебиња би можеле да бидат обвинети за трговија со луѓе во склад со релевантните закони, но се чини дека официјалните лица не се во состојба да го намалат процутот на сурогат мајчинството во земјата.

Дури, скандалозни случаи како овој се појавуваат повремено во локалните медиуми. Пред неколку недели украинската полиција изврши претрес во приватна репродуктивна клиника која наводно им „продава бебиња“ на кинески мажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот