
Шокантно откритие како се бира најдобриот тим во Премиер лигата
Изборот на тимот на сезоната во Премиер лигата крена голема прашина во јавноста по што започнаа дебати, највеќе поради изоставувањето на Еден Азар и изборот на Погба. По неколку дена истражување, англиските медиуми дојдоа до шокантно откритие како се бираат играчите.
Препорачано
Имено, новинарите, кои освен самите фудбалери во Премиер лигата, исто така учествуваат во гласањето, добиваат картичка со 11 празни места каде треба да впишат име и презиме на фудбалерите кои мислат дека заслужуваат да се најдат во тимот на сезоната.
Иако процесот изгледа едноставен, меѓутоа за одредени новинари не е толку лесно, и се одлучуваат на шокантни решенија само за да си ја завршат работата. Новинар на весникот „Сан“ открива како тоа изгледа во пракса.
– Иако би требало да биде едноставно, тоа не изгледа така. Одредени колеги се прашуваат како правилно се пишува презимето на играчот на Тотенхем, Вертонген, и ако некој каже дека не знае, тој впишува друг фудбалер на кој знае како правилно да му го напише името и презимето. Има примери каде новинарите прашуваат „Па, добро кого ќе го впишеш? Стоунс. А знаеш зошто? Неговото презиме знам како правилно се пишува – открива новинарот на „Сан“ кој бараше да остане анонимен, стравувајќи од реакција на колегите новинари.
Бидејќи целата јавност се прашува како Пол Погба се најде во тимот на колото, тој даде објаснување.
– Што мислите, зошто Погба заврши во идеалниот тим на сезоната. Само затоа што неговото презиме лесно сепишува и верувајте дека вакви работи гледам веќе неколку години при вакви избори – додаде новинарот на „Сан“.