Сергеј Шојгу / Фото EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN /

Шојгу: Русија го задржува правото за употреба на нуклеарно оружје

Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија против неа или Белорусија, вклучително и употреба на конвенционално оружје, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу.

„Во ноември 2024 година беа направени измени на основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање, според кои Русија го задржува правото да ја користи Русија, каде според Шојгу, „Москва будно ги следи воените подготовки на европските земји“.

„Во согласност со Стратегијата за национална безбедност на Руската Федерација, во случај странските држави да извршат непријателски дејствија што претставуваат закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Руската Федерација, нашата земја смета дека е легитимно да се преземат симетрични и асиметрични мерки неопходни за сузбивање на таквите акции и спречување на нивно повторување“, потсети агенцијата ТАСС.

Нуклеарното одвраќање, додаде тој, „се спроведува во однос на државите и воените коалиции кои ја гледаат Русија како потенцијален непријател и поседуваат оружје за масовно уништување или значителен борбен потенцијал на силите за општа намена“.

Дополнително, ваквите акции се однесуваат и на државите кои обезбедуваат своја територија и ресурси за подготовка и спроведување на агресија против Руската Федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот