Питер Шмајхел/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Шмајхел: Многу фудбалери не заслужуваат да играат за Манчестер јунајтед

Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел (60) го сподели своето мислење за ситуацијата во клубот.

Легендарниот чувар на мрежата ги критикуваше играчите кои моментално ги претставуваат „црвените ѓаволи“.

– Има многу фудбалери во овој тим кои не заслужуваат да играат за Манчестер јунајтед – „Фудбал Талк“ го цитира Шмајхел.

Манчестер јунајтед е на осмото место во Премиер лигата со 28 бодови по 18 кола.

Данецот Шмајхел (60) играше за „црвените ѓаволи“ од 1991 до 1999 година, со кои стана петкратен шампион во Премиер лигата, трикратен освојувач на ФА Купот и има една титула во Лигата на шампионите во сезоната 1998/99.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот