Фото: KF Shkendija

Шкендија се раздели со еден од најстандардните фудбалери во првиот дел од сезоната

Oд редовите на Шкендија денеска потврдија дека се разделуваат со Валон Ахмеди кој го завршува својот втор мандат во клубот од Тетово.

Заминувањето на Ахмеди е изненадување затоа што во актуелната сезона важеше за еден од најважните фудбалери на тетовскиот клуб и во есенскиот дел од сезоната собра 13 настапи.

Во Шкендија пристигна од Шахтјор Солигорск во текот на летото, а претходно го носеше дресот на клубот од 2020 до 2021 година.

Засега не е познато каде Ахмеди ќе ја продолжи кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот