
Шестмина повредени во четири сообраќајки
Вчера околу пет часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“, мопед со штипски регистарски ознаци, управуван од малолетник, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Препорачано
Истиот ден во 18 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „ЈНА” се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато” управувано од С.К.(24) од Гостивар и патничко моторно возило „БМВ” управувано од С.С.(51) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.К., додека со телесни повреди се здобиле Е.Н., сопатник во товарното возило и возачот С.С..
Два часа подоцна во ОВР Кочани било пријавено дека на патот во изградба Крупиште-Кочани, патничко моторно возило „рено клио” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.К. (42) од Струмица, излетало на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Клиничка болница Штип.
Додека во 20.35 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на улица „Ѓорче Петров” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген тигуан” со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(18) од с.Звегор, делчевско и мопед управуван од А.А.(22) од с.Габрово, делчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клиничка болница Штип.
Еден загинат во стратотна сообраќајка на патот Кичево – Охрид