Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ERMOCHENKO

Шест начини на кои Русија може да ја нападне Украина

Воените експерти нагласуваат дека инвазијата на Украина, со цел заземање на главниот град Киев, ќе доведе до тоа рускиот претседател Владимир Путин да започне војна од размери што не беа видени во Ирак во 2003 година. Русија би можела да го спроведе овој воен потфат на шест начини, доколку тековните преговори со НАТО пропаднат.

Се проценува дека околу 100.000 руски војници се концентрираат во близина на границите на Украина. Сепак, експертите кои внимателно ја следат кризата велат дека за инвазија на целата земја, тој број би требало речиси да се удвои и дека речиси сигурно ќе ги вклучи силите што минуваат низ Белорусија.

русија тенкови EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Д-р Фред Каган, виш соработник на Американскиот институт за претприемништво, смета дека за евентуална руска воена инвазија ќе бидат потребни најмалку 200.000 војници“,
Тој предвидува дека оваа бројка на војници би можела да се распореди и да ги зазеде борбените позиции до крајот на јануари.

Мапа на Украина и Русија/ Фото Profimedia

Дали е можна Руска окупација?

Каган, кој беше коавтор на серија извештаи кои доведоа до зголемување на американските трупи во Ирак во 2007 година, смета дека вистинскиот предизвик за Путин е како Русите ќе ја контролираат Украина доколку дојде до отпор и бунт на украинците по заземањето на Киев.

„За одлучувачка операција ќе биде потребен еден бунтовник на 20 жители“, рече Каган во трудот што го напиша заедно со други експерти од Институтот за проучување на војната.

Според таа пресметка, потребни се околу 325.000 луѓе за контрола на теренот и одбрана од бунтовниците.

украинска армија EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Од друга страна, Украина има армија од 145.000 војници , според Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS), но се проценува дека во регионот на Донбас има 300.000 ветерани кои учествувале во конфликтот во 2014 година. Анкетите покажуваат дека една третина од украинските граѓани би биле подготвени на „вооружен отпор“ на евентуалната руска воена агресија.

 

Сепак, Москва има огромна предност во однос на почетната инвазија, пред се во ракетните и воздушните сили. Тоа би можело да ги деморализира Украинците и да принуди милиони избеглици кон Западните земји наместо да се борат. Роб Ли, поранешен американски маринец и соработник во Институтот за надворешна политика, тврди дека Русија има капацитет да ги уништи украинските воени единици.

 

„Оружјето како балистичките ракети Искандер е фатално од голема далечина. „Речиси никогаш не гледаме вакво модерно оружје и тие ѝ даваат на Русија способност да убива илјадници жртви секој ден“, рече Ли.

Речиси се сигурни значителен број цивилни жртви, што е операција која се разликува од сето она што Путин го спроведуваше претходно, вклучувајќи ја и војната со Украина во 2014 година.

Фото: Принтскрин

Д-р Самир Пури, висок соработник во IISS, кој претходно помина една година како набљудувач на конфликтот во Украина, смета дека е тешко да се замисли целосна инвазија без употреба на воздушни сили.

Украина во моментов има само десетици турски дронови ТБ2,и артилериски орудија  што не е ништо во споредба со илјадници руски тенкови.

 

Руска окупација на Киев

Русија мора да одлучи и како ќе ги освои украинските градови, пред се Киев, кој има три милиони жители, но и Харков на североисток, со речиси 1,5 милиони жители.

Шпекулациите за плановите на Русија делумно се засноваат на протечените информации објавени во германскиот весник Билд и сугерираат дека Кремљ ќе го опколи Харков и на крајот Киев, прекинувајќи ги снабдувањето и надевајќи се дека ќе се предаде на средновековен начин. Тоа би можело да биде помалку насилно, но сепак би ја поткопало идејата дека Русија дејствува како обединувачка сила.

Западните аналитичари се на мислење дека не е лесно да се опколи Киев. Клучните точки на градот, вклучувајќи ја и претседателската палата, се наоѓаат западно од лесно одбранливата река Днепар. Првите мостови јужно од градот се оддалечени околу 100 километри, а браната, која е седум километри северно, дел од реката што тече кон границата со Белорусија претворила во езеро.

Карта на Украина/ Фото Profimedia

Искорористување на територијата на Белорусија

Затоа, наједноставниот начин е да се премине реката на безбедна територија – низ Белорусија на север. За тоа би била потребна поддршка од Минск, што е многу веројатно со оглед на неговиот пристап кон Москва. Во говорот по повод православниот Божиќ на 7 јануари, белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека неговата земја „ќе стори се“ за да ја врати Украина.

Механизираните сили на Русија ќе имаат за цел да го опколат Киев од запад. Едната рута е преминување на мочуриштата Припет, кои замрзнуваат во зима, и областа Чернобил.

Алтернатива би можела да биде од крајниот запад на Белорусија, преку областа за обука Барановичи. Клучниот знак дека Русија е подготвена да дејствува, рече Каган, ќе биде „доколку руските механизирани сили се распоредат во Белорусија“.

руска армија EPA/

 

Воените алтернативи на Путин

Ризиците од инвазија и окупација ги наведуваат експертите како д-р Тарас Кузио, соработник во здружението Хенри Џексон, да заклучат дека генералниот напад е „најмалку веројатен“ од воените сценарија што му се достапни на Путин. Наместо тоа, украинскиот стручњак гледа три други опции.

„Во првиот случај, Русија едноставно го окупира и го анектира делот на Донбас кој е под руска контрола, делумна инвазија која потсетува на кризата во Грузија во 2008 година. Таа започна откако повеќекратните воени провокации доведоа до интервенција на грузиските трупи, давајќи му на Путин изговор да одговори. “, напиша Кузио.

Вториот е проширување на окупираната територија по копнениот коридор до претходно анектираниот Крим, окупација на крајбрежниот град Мариупол. Русија, исто така, би можела да преземе други клучни индустрии и да се обиде да ја деградира украинската армија во близина.

„Тие би можеле да ги отстранат турските беспилотни летала и артилерија ТБ2 во Донбас во отворена кампања дизајнирана да ја ослабне Украина“, рече Ли.

Кузио, пак, смета дека конечната опција ќе биде заживување на проектот „Нова Русија“ од 2014 година, со кој би се обидел да ја отсече Украина од Црното Море. Ова би значело заземање на југот, пристаништето Одеса и можеби индустрискиот град Днепар.

руска армија EPA-EFE/

За заземањето на Одеса, која има еден милион жители, веројатно би била потребна драматична воздушна и поморска операција, падобранци од Крим, а потоа и слетување на маринци на блиските плажи, пренесува Гардијан.

Од овие опции, анексијата на окупираниот Донбас речиси сигурно ќе биде поволна за Русија. Сепак, тоа би бил крајно ограничен одговор со оглед на инсистирањето на Кремљ дека нејзината главна цел, како што неодамна повтори заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, е запирање на „проширувањето на НАТО, кон исток и поранешнсите советски републики Украина, Грузија и други земји кои призлегоа од СССР. – што предизвикува загриженост дека Русија има сериозен повод за започнување воена кампања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот