фото: ЕРА/MAXIM SHIPENKOV

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Турција

Шест војници загинаа денеска кога два турски воени хеликоптери се судрија во воздух, при што еден од нив се урнал.Еден од хеликоптерите се урнал во близина на бензинска пумпа во градот Кечиборлу, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.

Другиот хеликоптер успеал да слета без проблеми.

Валијата од Испарта, Абдула Ерин прецизираше дека инцидентот со воените хеликоптери се случил за време на тренажни летови.

Градоначалникот на градот Испарта, Шукру Башдегирмен рече дека на местото на несреќата се испратени многу противпожарни бригади, Итна помош и спасувачки екипи.

За случајот е започната истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот