
Ја изневерувал додека била болна: Шенон Доерти го финализирала разводот од сопругот ден пред смртта
Само еден ден пред нејзината трагична смрт на 53-годишна возраст, Шенон Доерти се согласила да го финализира својот развод со поранешниот сопруг Курт Исвариенко, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Магазинот „Пипл“ известува дека Шенон потпишала барање за откажување од издржување на сопружникот на 12 јули. Доерти почина следниот ден по битката со ракот на дојката.
Покрај тоа, Доерти се согласила на „стандардно или неоспорно раскинување“ на бракот.
Овој потег покажува дека Доерти и нејзиниот поранешен сопруг го финализирале разводот без учество на судот, наведува „Пипл“.

„Странките склучија писмен договор во врска со нивниот имот и нивните брачни или домашни партнерски права, вклучително и алиментацијата, чиј оригинал е доставен до судот“, се наведува во документацијата.
Документите потоа биле потпишани од Исвариенко на 13 јули.
„ЈуЕс викли“, исто така, објави дека Доерти се откажала од правото на брачна алиментација.
„Свесно се откажувам засекогаш од секое право да добивам алиментација од сопружникот или партнерот“, напишала таа во судските документи до кои дојде медиумот.
И Доерти и Исвариенко побарале судот да ја прекине алиментацијата за двете страни, според „Сан“.

Доерти и Исвариенко се венчаа во 2011 година, но актерката поднесе барање за развод во април 2023 година.
Тоа беше трет брак на Доерти – таа претходно беше во брак со Ешли Хамилтон и со Рик Саломон.
Во јуни таа го обвини Исвариенко дека намерно го одолговлекува правниот процес за да избегне да ѝ плати.
Доерти се обидувала да ја обезбеди потребната брачна алиментација од Исвариенко бидејќи нејзините месечни преостанати приходи се намалувале.
Актерката исто така го обвини дека последните две години ја изневерувал, додека таа ја водеше тешката борба со ракот.

„Пипл“ објави дека актерката не ги добила бараните финансиски информации во врска со архивската работа на 49-годишниот фотограф.
„Едноставно не е во ред на Курт да му биде дозволено да го продолжи нашиот развод со надеж дека ќе умрам пред да биде побарано да ми плати додека тој продолжува да го живее својот живот и да ги избегнува одговорностите кон својата сопруга која умира повеќе од 11 години“, рекла таа во поднесена документација.
Адвокатката на Исвариенко, Кетрин Херсема, возвратила, наведувајќи дека на Шенон ѝ бил понуден договор за спогодба во октомври 2023 година, но го одбила.
Во одговорот, Доерти рекла дека ги одбила предложените спогодби затоа што тие „ги заобиколувале прашањата на неговите оригинални дела создадени во текот на бракот“ и „неговата способност за заработувачка“.
