
Шефот на Обвинителство за организиран криминал: Имаме активна соработка со антикорупционерите, но иницијативите им се празни и оскудни
Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, во однос на соработката со Антикорупциска, рече дека таа е активна. Зад неговата изјава застанаа и дел од обвинителите кои постапувале по иницијативи од Антикорупциска. Велат дека не мора да значи дека за секоја иницијатива мора да биде отворен предмет односно дека голем дел од иницијативите што ги добивале од Антикорупциска биле со оскудни податоци и наводи, поради што не можеле да почнат постапка, а за дел од тие што отвориле предмет не нашле докази кои би ги потврдиле наводите на ДКСК
Препорачано
Како пример го наведоа случајот со градежната парцела спротив хотелот „Холидеј ин“, која со измена на деталниот урбанистички план стана земјиште на кое треба да никнат повеќекатници.
Иако иницијативата што ја поднеле од Антикорупциска, како што рекоа денеска обвинителите, била „празна“, тие сепак отвориле предмет, но не нашле докази за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување (по член 353 став 5) на одговорни лица – градоначалници на Општина Центар и функционери во Министерството за транспор и врски и не била утврдена штета по буџетот, како што сугерирала иницијативата на ДКСК.
Поради ова не можело да биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно постапување.