Џејмс Клеверли/ Фото Imageplotter / Avalon / Profimedia

Шефот на британската дипломатија апелира до израелската армија да покаже воздржаност

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли изјави дека разговарал со израелските власти за нивната обврска да го почитуваат меѓународното право и да го заштитат цивилното население во Газа и дека војската на земјата треба да биде воздржана.

Велика Британија е категорична и отсекогаш била категорична дека Израел има право да се брани и да обезбеди ослободување на заложниците земени на 7 октомври, изјави Клеверли на Самитот за мир на Блискиот Исток, што се одржува во Каиро.

– Ние сме, исто така, категорични дека мора да работиме и дека тие мора да работат на ублажување на страдањата на Палестинците во Газа и да се погрижат нивните постапки да се во согласност со меѓународното право, додаде тој. – И покрај исклучително тешките околности, повикав на дисциплина, професионализам и воздржаност од страна на израелската армија, додаде Клеверли.

Шефот на британската дипломатија рече дека меѓународната заедница мора да работи за да спречи ескалација на ситуацијата во Газа во регионален конфликт, што според него е целта на Хамас.

– Имаме обврска, имаме обврска да работиме заедно за да спречиме нестабилноста да го зафати регионот и да земе повеќе жртви, нагласи тој. Затоа мораме да се погрижиме Хамас да не победи. Мораме да се погрижиме да победи мирниот соживот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!