
Шефот на британската армија ги повика вооружените сили да се подготват за војна
Британскиот шеф на армијата изјавил дека Обединетото Кралство во моментов се соочува со закани од четири земји, вклучително и Русија.
Препорачано
Велика Британија мора да биде подготвена да води војна за три години, изјави генералот Сер Роланд Вокер, пренесува „Militarnyi“.
Вокер предупредил дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде „многу, многу опасен“ кога ќе излезе од војната во Украина и „ќе сака одмазда“ против западните земји кои ги поддржуваат украинските бранители.
Оваа ситуација може да настане без разлика дали Русија ќе победи или ќе загуби.
„Заклучокот е дека кога ќе помислите дека се уништени, тие ќе се вратат да се одмаздат“, истакнал генералот.

Тој, исто така, предупредил дека Кина има намера да го врати Тајван, а Иран најверојатно ќе се залага за нуклеарно оружје и потсетил на заканата од Северна Кореја.
Според него, сите четири земји воспоставуваат односи меѓу себе, разменуваат оружје и технологии.
„Затоа, до 2027-2028 година, оваа конвергенција може да достигне еден вид единство, а вашата способност да се справите со нив поединечно – со специфична криза што може да се реши со систем заснован на правила, мислам дека ќе биде значително намалена. – истакнал Вокер.

Во исто време, тој појаснли дека Британија „не е на неизбежен пат кон војна“, но итно треба да врати кредибилна сила за да обезбеди одвраќање.
„Имаме доволно време да се подготвиме, дејствуваме и да обезбедиме обнова на сигурни копнени сили за поддршка на стратегијата за одвраќање“, изјавил генералот.
Исто така, генерал Карстен Брејер, началникот на германската одбрана, порачал дека Русите би можеле да бидат подготвени да нападнат територија на НАТО за 5-8 години. Во овој период, тие најверојатно ќе соберат доволно персонал и оружје.
Во јуни беше објавено дека НАТО развива бројни коридори за преместување на војници и оружје на источното крило на Алијансата во случај на војна со Русија.