Фото: Принтскрин/ BigSpeak Speakers Bureau

Шефицата на ФЕЈСБУК прашува само ЕДНО прашање во РАЗГОВОРОТ за работа и веднаш знае дали сте КВАЛИТЕТЕН КАНДИДАТ

Џули Жуо е потпретседателка на секторот за дизајн на производи во компанијата „Фејсбук“, а покрај таа обврска, таа го води тимот на креативци задолжени за дизајнот на најпознатата социјална мрежа на светот. Својот пат во компанијата таа го започнала пред една деценија, кога имала само 22 години.

Упорната работа и големиот труд ја довеле до лидерска позиција, а моментално таа раководи со екипа од 250 луѓе, со што бројката целовремено расте. Поради тоа што ѝ е цел околу себе да има само квалитетни и способни луѓе, таа смислила клучно прашање во разговорот за работа, кое открива за каков кандидат станува збор.

Наместо да ги постави вообичаените прашања како „Кажете ми нешто повеќе за себе“, Џули ги прашува кандидатите: „Замисли се себе за три години. Што се надеваш дека ќе биде различно поврзано со тебе во однос на моменталната ситуација?“

Таа истакнува дека одговорот на ова прашање ѝ овозможува да увиди три различни работи кај кандидатот – колку е амбициозен, колку е ориентиран кон остварување на целите и колку е свесен за себе и за своите карактеристики.

За неа, пресудна особина е желбата за развој, учење и напредување, а дури и кога кандидатот не ги исполнува сите услови, може да биде вработен доколку овие карактерни црти му се изразени. Џули Жуо тврди дека најдобри работници се оние кои имаат визија за иднината и размислуваат каде понатаму, а не каде биле во минатото.

Таа, исто така, кандидатите ги замолува да ја објаснат најтешката ситуација низ која минале во животот, а потоа ги прашува што би направиле поразлично доколку би можеле да тргнат од почеток. Таа тврди дека на тој начин може да се дознае дали учат од минатото или сметаат дека работите се надвор од нивната контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот