Шарл Мишел / Фото ЕПА

Шарл Мишел: Да се напушти Украина би било да се напуштат европските вредности

На единаесет дена по започнувањето на руската воена офанзива во Украина, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, како гостин на „Политички прашања” на француското радио Франс Интер инсистираше на потребата од одржување на дијалогот со Москва, јави дописникот на МИА.

– Сигурно е дека мора да го одржиме отворен дипломатскиот канал, дури и ако на краток рок надежите се ограничени на ова поле. Тоа е ДНК на Европската Унија, изјави тој.

Додека се погласни се барањата за затворање на украинскиот воздушен простор – со цел да се спречи бомбардирање на цивили, Шарл Мишел појаснува зошто НАТО одбива такво нешто.

– Таков чин, рече тој, во сегашните околности би се сметал дека НАТО влегува во војната, а со тоа и ризик од Трета светска војна.

На прашањето дали треба сериозно да ја сфатиме нуклеарната закана што ја агитира рускиот претседател, Мишел одговори: -Мислам дека треба сериозно да ги сфатиме сите закани.

Тој вели дека во последните месеци, за време на долгите руски разговори со Владимир Путин, ја набљудувал неговата „опсесија” за Украина, Донбас, Крим, договорите од Минск. Тој, исто така, забележува кај рускиот лидер „носталгија” за империјата. „Можеби мислеше дека Студената војна не е завршена”.

-Мораме многу сериозно да го сфатиме она што се случува во Украина, која е бедем за заштита на вредностите што Украина ги избра, изјави претседателот на Европскиот совет.

Во однос на прашањето за заеднички европски одбранбени сили, за што особено се залага Емануел Макрон, тој смета дека забележува промена во состојбата на размислувањата.

-Фактите докажуваат дека е во право (…) Говорот на Емануел Макрон во Сорбона ја добива битката на идеите”.

Шарл Мишел ја побива идејата, поддржана од Владимир Путин, според која економските санкции изречени од ЕУ против Русија би биле војна.

-Ги користиме инструментите што ни се на располагање. Ги конструиравме овие санкции за да му наштетиме на режимот, да влијаеме на неговата позиција колку што е можно повеќе.

Во интервју за неделникот „Журнал ду Диманш”, Шарл Мишел се осврна и на некои од прашањата што треба да се дискутираат на самитот на ЕУ во Версај на 10-11 март.

-Ќе разговараме за проширувањето на Европската унија, вклучувајќи ги и Грузија и Молдавија, дури и доколку тоа биде тешко и доколку предизвикува несогласувања меѓу нас. Ќе дискусираме во Версај за да ја разјасниме нашата позиција за европската иднина на нашите соседи, рече Мишел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот