
Шакали влегоа во центарот на Тел Авив: Поради коронавирусот се сместија во еден од најубавите паркови во градот
Паркот Хајаркон во центарот на Тел Авив на пролет обично е преполн со луѓе кои тренираат, меѓутоа, ова година, наместо со луѓе, поради коронавирусот, тој е полн со шакали.
Препорачано
Бројни животни од овој вид стигнаа од непозната локација и буквално станаа „господари“ во еден од најубавите паркови во Израел, во кој, во нормални околности си играат деца, а младите си организираат пикник.
Иако граѓаните најпрво помислија дека шакалите пристигнале во градот барајќи малку забава, сепак ветеринарите велат дека гладот ги натерал на тоа.
– Во оваа ситуација шакалите се принудени да влезат во самиот центар на градот за да се прехранат – вели ветеринарот Зви Галин.
Шакалите се толку гладни што дури им дозволиле на некои луѓе да им се доближат и да им остават садови со храна.
Ова не е прв случај на доаѓање на диви животни во градови во Израел. Неодамна во еден град се воочени диви свињи како шетаат по улица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
39сек
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5