
Севернокорејски бегалец доплива до Јужна Кореја
Дезертер од Северна Кореја пребегнал во Јужна Кореја откако отпливал по брегот и ги избегнал вооружените граничари, на кои им е наредено да пукаат во секој што се обидува да избега од режимот на Ким Џонг Ун.
Препорачано
Неидентификуваниот маж бил пронајден доцна навечер на 30 јули, според јужнокорејските власти, кои го објавија неговото бегство денес, четврток.
Севернокореецот пливал по западниот брег на Корејскиот Полуостров, врзувајќи околу себе – како импровизиран елек за спасување – пенаста пластика.
Западниот брег на Корејскиот Полуостров се граничи со Жолтото Кинеско Море (исто така познато како Западно Море во Кореја) и Корејскиот Залив.
Крајбрежјето е нерамно, со вдлабнатини и многу острови, особено по должината на југот и западот.
На почетокот на јули, севернокорејска дезертерка во Јужна Кореја го тужеше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и уште четворица други функционери во Пјонгјанг за злоупотреба што ја претрпела додека била притворена во земјата.
Во истиот период, Сеул депортираше 6 Севернокорејци кои имаа „силна желба“ да се вратат во својата земја .
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
14мин
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5