фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Сергеј Милинковиќ-Савиќ на чекор од трансфер во Ал Хилал

Како што пренесува добро познатиот новинар експерт за трансфери Фабрицио Романо, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија.

Документите се подготвени, 28-годишниот српски играч од средниот ред за 40 милиони евра се сели во редовите на Ал Хилал.

Се очекува Милинковиќ-Савиќ да потпиша договор на три години и им се приклучи на Рубен Невеш и Калиду Кулибали.

Од 2015 година ги брани боите на Лацио, со римскиот клуб Србинот успеа да го освои еднаш Купот на Италија и двапати Суперкупот на Италија.

Пред да се пресели во Италија, настапуваше во кариерата и за екипите на Војводина и Генк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот