
Сензација на Ролан Гарос: Квалификантка ја исфрли третата носителка
Надја Подороска е првата полуфиналистка на Ролан Гарис откако до најголемиот успех дојде со победата над третата носителка Елена Свитолина.
Подорска направи вистинска сензација на Ролан Гарос и со 6:2,6:4 ја победи Свитолина за точно 80 минути игра.
Препорачано
Ова беше осма победа за аргентинската тенисерка на Ролан Гарос откако претходно успешно ги помина и квалификациите и стана првата квалификантка која ќе игра во полуфиналето на грен слем турнирот во
Париз.
Ова за Подороска е само втор настап грен слем турнирите, претходно во 2016 година е поразена во првото коло на УС Опен.
Почетокот на дуелот и припадна на Украинката која направи брејк уште во првиот гем, но Подороска веднаш возврати со рибрејк. Оттогаш иницијативата беше кај 131. тенисерка на светот која поведе со 5:1 и рутински дојде до 1:0 во сетови.
Во вториот сет, двете тенисерки направија шест брејка во низа и во финишот влегоа израмнето 4:4, а потоа Подороска беше сигурна на свој сервис. Во десеттиот гем, Аргентинката ја искористи дури третата брејк шанса за најголема победа во кариерата.
Надја Подороска во полуфиналето ќе игра против подобрата од дуелот Ига Швјонтек – Мартина Тревизан.