Сендвичарницата „7-ца“ во Аеродром затворена поради присуство на салмонела

По добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром. Извори на „Слободен печат“ велат дека станува збор за сендвичарницата „7- ца“.

Основ за вонредната инспекциска контрола се пријавени 9 случаи, од кои 5 лица лабораториски потврдени со наод на Салмонела (Salmonella infection), 3 лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна) – стои во соопштението на АХВ.

При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот. Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица, утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки.

Четири лица се затруле со храна, привремено затворена гостилница во Влае

За утврдување на причинителот на инфекциите, земени се 5 мостри од храна и тоа мајонез, кечап,стек, плескавица и марула, 4 бриса од работни површини и опрема, и 3 од вработените лица. Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна сè до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи, темелно механичко и хемиско чистење.

АХВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.

Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните.

Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот