Заксенхаузен логор / Фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Семејствата на жртвите од логорите во Полска ги добија конфискуваните работи

На семејствата на 12 затвореници од нацистичките логори во Полска им се вратени нивните конфискувани работи.

Повеќето од вратените предмети се парчиња накит.

-Ова е важен момент во нашите животи, бидејќи ова е приказна за која не знаевме целосно и излезе на виделина, изјави за американските медиуми, Малгоржата Корис (35), правнука на Станислава Василевска.

Василевска имаше 42 години кога беше заробена од нацистичката германска војска во Варшава на 31 август 1944 година и испратена во женскиот концентрационен логор во Равенсбрук. Оттаму, таа била испратена во логорот за принудна работа Нојенгама, каде и биле конфискувани вредните работи.

Архивата Аролсен најави уште вакви свечености.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот