Имер Селмани, поранешен министер за здравство

Селмани: Не можеше да се очекува дека Заев ќе има противкандидат во партијата

Имер Селмани поранешен политичар и фунционер во 24 анализа рече дека исклучителен е чекорот внатре во демократизирањето на партиите. СДСМ ја имаше честа прва да го промовира ваквиот начин на избори и го практикуваше на дело.

„Ќе беше поинтересно да имаше двајца или тројца членови. ДСа имаше повеќе, ќе имаше и дебати. Заев пред неколку месеци успеа партијата да ја направи победничка и доби доверба во Собранието. Не можеше да се очекува дека ќе има противкандидат во партијата.“ – рече Селмани.

Тој рече дека ова зависи од екипата, дали ќе се реформира, дали ќе се доекипира со нови членови. Мандатот кај претседателот на партијата директно од членството го прави помоќен лидерот, вели Селмани. Можеби кога би бил во погрешни раце, партијата би одела со расчистување со неистомислениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот