Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Селекторот Пешиќ брзо ја демантираше веста за Јокиќ: Тоа се лажни вести!

Српскиот новинар Марко Љубимировиќ повикувајќи се на свои извори денеска ексклузивно најави дека Никола Јокиќ донел одлука да игра за Србија на Олимиските игри, но за жал на нашите соседи селекторот Светислав Пешиќ брзо демантираше.

Пешиќ не кажа дека Јокиќ нема да игра, туку порача дека се уште не се знае. Таква беше изјавата и на Јокиќ по елиминацијата на Денвер во плеј-офот од Минесота пред неколку дена.

Во изјава за „Б92“, Пешиќ кратко одговори дека станува збор за лажни вести.

„Новинар на твитер објави лажни вести. Кога ќе дојде време ќе ги знаете точните информации“, изјави Пешиќ.

По ваквата изјава на Пешиќ Србите и понатаму се во неизвесност за настапот на нивниот најдобар кошаркар кој не не настапи на последното Светско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот