Зијадин Села - собрание на Алијанса на Албанците /Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Села: Со уставните измени да се тргне и одредбата за 20 отсто за употребата на албанскиот јазик

Зијадин Села, претседател на Алијансата на Албанците денеска одржа прес-конференција во Собранието на која од премиерот Христијан Мицкоски побара со уставните измени да се укине и законската одредба за граѓаните кои се над 20 отсто односно за употребата на албанскиот јазик.

Села кажа дека го „предвизвикува“ Мицкоски по неговото интервју за косовската телевизија во која тој кажува дека нема ништо против албанскиот јазик.

– Мислам дека е дојдено времето еве уште еднаш да го тестираме. Јас овој прес го свикав за да јавно го повикувам, оваа негова изјава да не биде само изјава за да изгледа симпатичен пред Албанците, туку да седнеме, да иницираме уставни измени, и така ние треба да ги направиме уставните измени во врска со деблокирање на патот кон ЕУ, а истовремено да се укине таа срамна дефинција која постои во Уставот, а тоа е јазикот кој го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик. А, во Уставот треба да стои, тоа е наша кауза како АА, албанскиот јазик. Ако нема ништо против ниту тој , ниту други на кои се повикува, а претпоставувам дека има авторитет кон пратениците на ВМРО ДПМНЕ, па заедно со нив можеме да ги достигнеме бројките, и ако нема ништо против да го укинеме онаа дефиниција и во Уставот да стои албанскиот јазик, рече Села.

За Уставниот суд, тој рече дека го повикува да размисли каква одлука ќе донесе бидејќи, според него, „не треба да се игра со етничките прашања“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот