Фото: Pexels / Elina Fairytale

Секс-јога: 5 пози кои навистина ќе влијаат на вашиот љубовен живот

Еден начин да се подобри задоволството и издржливоста за време на сексот е да се воведат јога пози. Ова ќе внесе нови работи во вашиот сексуален живот, а ќе има и придобивки за вашето здравје. На овој начин се ослободува тензијата, но се практикува и флексибилноста.

Исто така, за време на јогата се истегнуваат одредени мускулни групи, што позитивно влијае на отстранување на насобраната напнатост, па дури и болка. Дополнително, јогата ја подобрува циркулацијата на крвта, што може да ја зголеми сексуалната функција и задоволството, пишува „Н1“.

Јога пози за време на секс:

Прасарита Падотанасана (широкo наведнување напред)

За време на оваа поза, жената стои со раширени нозе и се наведнува напред во половината. Оваа поза ја зголемува флексибилноста и овозможува подлабокa пенетрација за време на сексуалниот однос.

Ананда Баласана (среќно бебе)

Лежејќи на грб, жената ги свиткува колената кон градите и ги држи стапалата или глуждовите со рацете. Оваа поза најмногу ја зголемува флексибилноста на колкот.

Буџангасана (ниска кобра)

За оваа јога поза, женatа лежи со лицето надолу и го крева горниот дел од телото користејќи ги мускулите на грбот. Оваа поза ги зајакнува мускулите на грбот и може да го подобри вашето држење за време на сексот.

Марџаријасана-Битиласана (мачка-крава)

За оваа поза, жената се потпира на сите четири и во ритам вдишување-издишување го наведнува грбот нагоре и го спушта стомакот надолу. Оваа јога поза за време на секс ја подобрува флексибилноста на ‘рбетот и помага во одржување на ритамот за време на сексуалниот однос.

Баласана (поза на дете)

Во детска поза, жената е свртена со лицето надолу, колената ѝ се раширени на подот, а рацете и се испружени. Оваа поза ги релаксира основните мускули додека ги истегнува мускулите на грбот.

Кога ги изведувате сите овие пози за време на сексот, потребна е претпазливост за да се избегне повреда. Ако чувствувате болка, одморете се и обидете се повторно, а ако непријатноста продолжува, прекинете ја позата. Исто така, неопходно е да се практикува јога на други начини за да се има одредена доза на флексибилност и издржливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!