Фото: Принтскрин

Србија: Секоја кланица да има вработено лице кое е одговорно за благосостојбата на животните

Министерството за земјоделство во Србија започна со изработка на Предлог-закон за благосостојба на животните, со кој заштитата на животните, како важен дел од одржливиот развој, значително ќе се подобри. Оттаму наведуваат дека ваквото законско решение се надоградува на постојната законска рамка, ги елиминира забележаните недостатоци и го усогласува законодавството со правото на Европската Унија, во оваа област.

Со цел заштита на животните и подобрување на безбедноста на храната, новиот закон предвидува обврска секоја кланица да има вработено лице кое е одговорно за благосостојбата на животните.

Друга клучна новина е примената на стандардни процедури во сите фази од одгледувањето на животните, со цел да се поштедат од болка, стрес, страв и страдање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот