Фото: Приватна архива

Секоја чест: Гимнастичарките Илина и Ева ѝ донесоа злато, сребро и бронза на Македонија

Македонките Илина и Ева Соколовски освоија злато, сребро и бронза на интернационален натпревар по ритмичка гимнастика во Германија.

Меѓународниот натпревар во ритмичка гимнастика, на кој учествуваa седумнаесетгодишната Илина и тринаесетгодишната Ева како македонски претставнички, се одржа минатиот викенд во Падаборн, Германија. Имено, Ева освои злато во својата категорија, а Илина освои сребро, односно бронза во своите категории.

На натпреварот учествува над 150 натпреварувачки од повеке европски држави – Франција, Бугарија, Чешка, Словачка, Полска, Швајцарија, Полска, Германија, Македонија итн.

Македонските претставнички настапија со по две кореографии – Илина настапи со лента и топка, а Ева настапи со хулахоп и лента. Ева имаше совршен настап и го освои првото место, а Илина настапи со нови кореографии, што сѐ уште не ѝ беа добро извежбани, но тоан е ѝ беше пречка да го освои второто место.

„Ние сме презадоволни од резултатот. Ние си го земавме тоа што ни следуваше, а тоа се пехарите. Горди сме на резултатот и на тоа што ја претставувавме Македонија во интернационални рамки. Не можеме да го опишеме чувството на возбуда кога не прогласија за најдобри и кога тргнавме по наградите со нашето знаме“, велат среќно Илина и Ева.

Но, ова е само загревање за сѐ она што понатаму ќе го постигнат тие. Пред нив се уште многу натпревари и успеси, особено на Илина, која кон крајот на февруари идната година ја чека голем предизвик.

„Следниот интернационален натпревар, во организација на Интерналната федерација за ритмичка гимнастика (FIG), која ќе се одржи кон крајот на февруари во Естонија. На овој натпревар името на првото место се вика Мис валентајн гран при. Тоа е како што на интернационалниот натпревар пред неколку години во Украина го освоив првото место и ја добив титулата принцеза, вели Илина.

Но, за жал, на овој голем натпревар Илина нема големи очекувања, бидејќи од Федерација во овој спорт во Македонија го имаме само името. За да се биде дел од овој голем натпревар учесничките треба да имаат професионални тренери, судии и лекари, но и покрај тоа што Илина ќе го вее македонското знаме на овој натпревар од светски рамки, таа заминува сама и тоа единствено по нејзина заслуга.

„На вакви големи натпревари треба да има тренер и судии со лиценца, за да ме подготват. Ми треба норма да исполнам зашто нашата федерација нема ниту судии, ниту лекар, ниту тренер. Бидејќи ништо од тоа нема, јас поради големата желба да ја претставувам Македонија им испратив мејл и ги замолив за да настапам. Ги молев навистина, им реков дека ние сме млада федерација. И врз основа на молбата и на моите досегашни резултати, моите награди дозволија. Токму затоа велам дека тешки се шансите за победа ама гордоста и желбата е голема. Се натпреварувам со елитата во гимнастика и свесна сум дека не смеам да очекувам и покрај мојот голем капацитет. Затоа на овој натпревар не одам со очекувања. Македонското знаме за мене е многу важно, сакам да се вее на овој наптревар, вели Илина, која на сите напревари задолжително настапува со македонска песна.

Така беше и минатата недела, кога настапи во кореографијата со топка, а настапи со песната „Кога паднав на Пирина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот