Фото: Фејсбук/ Беира Салифоска

Секоја чест: Беира Салифоска, лице со оштетен вид ја заврши трката на пет километри на Скопскиот маратон

На овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон за прв пат во неговата историја на организирање учествуваше Беира Беки Салифоска која е лице со оштетен вид.

Беки учествуваше на трката од 5 километри, на која трчаа 8.000 луѓе, за првпат настапи под своето лого „Go Beki“.

Беира за овој подвиг, неколку месеци наназад активно се посвети на тренинзите со персонализиран тренер.

Инаку Беира Салифоска е првата во нашата земја како лице со оштетен вид, кое одбрани дипломска тема напишана на Брајово писмо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот