Дубровник, Хрватска Фото: Wikimedia commons

Секој десетти хрватски работник заработува минимална плата, а просечната плата е 1.416 евра нето!

Просечната месечна нето-плата по вработен во правен субјект за февруари изнесува 1.416 евра, објави во вторникот Централниот завод за статистика на Хрватска. Споредено со февруари лани, номинално е повисоко за 13,5 отсто, а реално за 9,5 отсто (кога ќе се земе предвид годишната инфлација од четири отсто), велат државните статистичари.

Во февруари во правните субјекти во Хрватска биле вработени 1,47 милиони работници, а вкупниот број на вработени во сите сектори е 1,69 милиони луѓе. Речиси 150.000 вработени во правни лица во февруари годинава заработиле помалку од 801 евро нето месечно.

Бидејќи загарантираната минимална плата за оваа година е околу 750 евра нето, грубо може да се каже дека ја добива секој десетти работник во Република Хрватска.

Кога овој опсег ќе се земе малку пошироко, излегува дека дури 300.000 вработени во февруари земале плата помала од 875 евра, покажуваат податоците на Централниот завод за статистика, објави Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот