Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Седница на Влада: Измените и дополнувањата на Законот за акцизи прифатени по скратена постапка

Владата на денешната седница, по скратена постапка, го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предвидува со денот на негово влегување во сила да престане да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба.

– Предложените измени се со цел да се продолжи со примена на новиот начин на пресметување на акцизата за одредени енергенси во зависност од малопродажната цена на соодветниот енергенс на светските берзи и истовремено ќе се овозможи и натаму да се користи механизмот кој овозможува постепено враќање на постојните износи на акциза во услови на нормализирање на цените на пазарот на нафтени деривати, а кои се веќе воспоставени со донесувањето на Уредбата со законска сила, информира владината прес-служба.

Дополнително, со измените се предлагаат одредби кои се во насока на доработување, појаснување и прецизирање на одредбите од Законот за акцизите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!