Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Се запали куќа од плински шпорет во Штип – повозрасна жена пренесена во болница

Осумдесет и тригодишна жена била пренесена во болница откако се запалила куќа во Штип.

-На 15.07.2025 во 14.21 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л. од Штип. Притоа, со изгореници се здобила неговата мајка М.Л.(83) од Штип, која се обидела да го изгасне пожарот и била пренесена во Клиничка болница Штип, појаснуваат оттаму.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот