Емили Дамари со својата мајка веднаш по ослободувањето од заложништво на Хамас/Фото: EPA-EFE/IDF SPOKESPERSON HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALESHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

„Се вратив на животот што го сакам“, вели ослободената Израелка Емили Дамари

Емили Дамари, Британка со израелско потекло, која беше киднапирана од Хамас на 7 октомври 2023 година и беше ослободена вчера, како дел од договорот за прекин на огнот во Газа, денеска во објава на Инстаграм рече дека се чувствува многу среќна што се вратила дома.

Во својата објава со црна позадина, Дамари пишува „љубов, љубов, љубов“ и се заблагодарува на Бога, нејзиното семејство и „најдобрите пријатели“ што ги има на овој свет.

Според преводот на објавата, изгледа дека 28-годишната жена денеска имала можност да види како нејзините сонародници и светот воопшто реагирале на нејзиното ослободување.

„Ми го исполнивте срцето со емоции. Ви благодарам. Јас сум најсреќната жена на светот само затоа што постојам“.

На фотографиите од неа вчера, Емили – која беше 15 месеци држена како заложник во Газа – се гледа со едната рака во завои и без два прста, но навидум добро расположена.

Девојчето беше застрелано во раката и рането од шрапнел во ногата пред 15 месеци кога киднаперите ја киднапираа од нејзиниот дом во Кибуц Кфар Аза во нападот на 7 октомври.

Откако и ги врзале очите, вооружени лица на Хамас ја врзале за задниот дел од нејзиниот автомобил и ја однеле во Газа.

Таа порасна во Лондон и е навивачка на фудбалскиот тим Тотенхем Хотспур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!