
Се враќаат ли јужнокорејските компании на рускиот пазар?
Доколку Украина и Русија склучат мировен договор по договорот за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, најверојатно ќе бидат укинати санкциите кон Русија, или дел од нив, што ќе им овозможи на корејските компании да продолжат да работат на рускиот пазар, пренесува SEEbiz. Вредноста на јужнокорејско-руската трговска размена во 2021 година изнесуваше 29,9 милијарди долари, а Русија се најде на 12-то место на листата на извозни пазари на јужнокорејските компании.
Препорачано
Меѓу големите јужнокорејски фирми, ЛГ Електорникс неодамна обнови дел од своите деловни активности во Москва.
„Целта е да се спречи влошување на производствените капацитети кои не работат од почетокот на војната“, изјави директорот на компанијата за The Korea Times, додавајќи дека тие користат „залихи на материјали во функција“.
Пред војната, фабриката произведуваше машини за перење и фрижидери. Хјундаи мотор груп ги проучува можностите за водење бизнис во Русија по војната, а заедно со Киа беше на врвот на популарноста во однос на продажбата во Русија. Во декември 2023 година, тие ја продадоа фабриката во Санкт Петербург за симболични 10.000 рубли (120 долари), но со опција за откупување во рок од две години.
„Не е донесена одлука“, нагласи претставникот на Хјундаи мотор груп, додавајќи дека будно ја следат ситуацијата.
Киа, Хјундаи мобис и Хјундаи стил неодамна објавија огласи за работа во Русија, а Самсунг електроникс исто така ги испитува можностите за обновување на бизнисот, по суспензијата на производството во фабриката во Калуга во 2022 година.