
Се уште се интервенира на запалената депонија кај Волковија, се очекува денеска пожарот целосно да се ликвидира
Пожарот на депонијата во атарот на село Волковија е речиси изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи.
Препорачано
„Сопственикот на депонијата ангажирал приватна фирма која со два миксера и пумпа истураат вода над депонијата, а исто така ангажирани се и два багера кои со земја ги затрупуваат ѓубриштето.На терен е и една екипа со цистерна од ТППЕ-Тетово како и еден инспектор и одговорното лице од Општина Брвеница. Состојбата се следи“, информираа од Центарот за управување со кризи.
Од Државниот инспекторатот за животна средина вчера изјавија дека се уште работаат на случајот, односно дали концесионерот на депонијата кај Волковија постапувал согласно законот и согласно дадените дозволи за работа.
„Дополнително ќе се констатира дали дел од комуналниот отпад завршувал на самата локација оти концесионерот имал дозвола само за третман на хартија, пластика и железо, а комунален смет не смеел да третира таму. Дали носел комунален отпад од општините со кои имал склучено договор, а требал да го носи овој отпад во депонија Русино, тоа ќе го провериме дополнитено и доколку утврдиме дека има такво нешто, ќе има соодветна санкција, забрана за работа согласно Законот за управување со отпад и Законот за животна средина“, информираа од Државниот инспекторатот за животна средина.
Македонија како големо буниште, најголемите депонии ги создаваат институциите