Фото: МВР

Се судриле автомобил и комбе во Тафталиџе, возач е тешко повреден

Автомобил и комбе учествувале во сообраќајна несреќа вчеравечер во скопската населба Тафталиџе, а тешко е повреден возачот на автомобилот, соопшти МВР.

„На 07.04.2025 во 21:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Прашка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(56) од Скопје и товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот